
Стоук Сити го отвори единаесеттото коло одтековната Чемпионшип сезона со првиот домашен триумф над ВБА после 2017.
Имено, популарните ,,Потерс” ги поразија фаворизираните ривали од околината на Бирмингем со минимални 1-0.
Статистички, Стоук беше подобар ривал на теренот, а победоносниот погодок беше дело на Ник Пауел (79′), кој стрелаше на четвртиот натпревар в о низа.
Осум минути пред единствениот гол на мечот, резервистот на Стоук, Сем Сариџ, промаши пенал, односно неговиот шут беше одбранет од Сем Џонстон.
Со натпревар повеќе во однос на сите екипи, ВБА останува на врвот и покрај првиот овосезонски пораз, додека Стоук изби на третото место.



