
Дуелот на двете третопласирани екипи на Западот и на Истокот во КХЛ заврши во корист на домашниот состав.
Имено, претставникот на Источната конференција, Трактор Чељабинск, на домашен терен, славеше со 2-1 против ЦСКА Москва.
Гостите од руската престолнина поведоа со 0-1 во петнаесеттата минута со третиот овосезонски погодок на засилувањето од Флорида Пантерс – Лукас Валмарк.
Само две минути подоцна, Трактор израмни преку Теему Пулкинен, а во вториот дел, дебитантскиот гол на Владимир Ткачјов ја остави победата во Чељабинск.
Важна алка во триумфот на ,,Мечките” беше голманот Роман Вил, кој имаше 33/34 одбранети шутеви (97,06%).



