Екипата на Вардар со одлична игра во целиот меч го надигра Мешков Брест во натпревар од Лигата на шампионите со 35-27 ( полувреме 19-13).
Најефикасни во составот на Веселин Вујовиќ беа десните бекови Кевин Њокас со 8 гола, и Куни Моралес со 5, додека кај Мешков 6 гола имаше Станислав Кашпарек.



