По пауза од скоро две години, Александра Јанева го објави новиот сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авторско дело на Лазар Цветкоски и Александра Јанева.
„Денот што ни носи“ беше премиерно изведена на 36-тиот Фестивал на забавни мелодии Макфест. Видео записот е дело на Ѓорѓи Вацев.



