
Екипата на Сибир Новосибирск ја запиша втората овосезонска победа, откако денес ги совлада Кунлун Ред Старс со минимални 1-0.
Домаќините од Русија доминираа во текот на цел натпревар, а од вкупно 38 шутеви кон голот на Александер Лазушин, само еден заврши во мрежата.
Имено, стрелец на победничкиот погодок беше Швеѓанецот Антон Ведин во втората третина, кој на петтиот настап во КХЛ го постигна својот дебитантски гол.
На голот на домашниот состав стоеше Финецот Хари Сатери, кој со одбранетите 23/23 противнички удари дојде до вториот шут-аут во сезоната.
Со новите два бода, Сибир скокна на деветтото место во Источната конференција, потиснувајќи го Кунлун на единаесеттата позиција.



