
Сан Франциско Џајантс (97-52) ја запишаа втората победа во низа и останаа на врвот на Националната лига, совладувајќи ги Атланта Брејвс со 2-0.
За Атланта (76-70), ова беше четврти пораз во низа, кој сè уште ги држи во плејоф-зоната на петтото место.
На мечот и двата поени на Џајантс беа постигнати во четвртиот ининг, кога ЛаМонт Вејд и Брендон Крофорд освоија по четири бази освоија, после ударот на Курт Касали.
Двете екипи сменија вкупно единаесет фрлачи на оваа средба, од кои, единствен со четири страјк-аути беше Алекс Вуд од редовите на Џајантс.



