Победник на 36-тото издание на штипскиот фестивал Макфест е дебитантот Александар Тодоровски со песната “Под исто небо”. Второто место му припадна на Мартинијан Кириловски, а како трета заврши младата штипјанка Марија Данева.
Годинава на „Макфест“ се одржа на отворената сцена поставена во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип, а водители беа, Ведрана Ѓорѓевиќ и Миро Кацаров, водителскиот тандем на емисијата „Голден карпет“ која се емитува на Канал 5.



