Големото дерби во Групата Б од Првата машка лига меѓу екипите на Голден Арт КЛ 7 и Јуниор Кисела вода заврши со победа на домашните од 24:21.
Најефикасни во Голден Арт беа Гучески и Милано до по 5 гола, Гајиќ даде 4. Во тимот на Јуниор Кисела Вода најдобар беше Печенковски со 9 погодоци.



