На 19 септември, недела, во 20ч, ќе почне со емитување хуманитарниот ТВ проект ,,Проект Куќа со Кристина“ на Телма телевизија.Кристина Арнаудова Петровски е автор, продуцент и водител на овој проект, а е во Продукција на ,,Хепи Хаус продукција и конструкција“. Популарната пејачка ќе помага во изградба на куќи за семејства во социјален ризик, и овојпат тоа ќе се емитува на телевизија.
Конечно, од 19 септември, секоја недела од 20ч премиерно на Телма телевизија, Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina! Проектот на кој работам долго време ќе можете да го видите и вие! Целта на овој тв проект е да покаже дека заедно можеме да направиме големи нешта, само ако сакаме! Пандемијата не успори, но не не’ запре. – изјави Кристина Аранудова на социјалните мрежи



