
Во рамките на петтото коло од шкотскиот Премиершип, градските ривали на Единбург, Хартс и Хиберниан, ги одмерија силите.
За нив, ова беше вкупно 326. компетитивен меч во историјата и вкупно 97. кој заврши со нерешен исход.
Имено, претставниците на главниот град на Шкотска, на популарниот ,,Тајнкесл Парк”, ремизираа со резултат од 0-0.
За двете екипи, ова беше прв меѓусебен лигашки дуел што заврши без голови после 31 октомври 2018, односно трет во последните три и пол години.
Хартс, кои се повратници во елитата како шампиони на Чемпионшип, одлично влегоа во новата сезона што резултираше со освоена награда за најдобар тренер на месецот на Роби Нилсон.
Фудбалерите на шкотскиот стратег имаат единаесет бодови после пет кола, односно го делат второто место на табелата со лутиот денешен градски ривал.



