
Првиот меч од неделната програма на КХЛ го одиграа екипите на Амур Хабаровск и на Динамо Москва.
Како победник од овој дуел на двата ривали оддалечени над осум илјади километри излезе Динамо, кој славеше со 2-6.
После првата третина, гостите водеа со 1-2, но во првата минута од вториот дел, домаќините израмнија на 2-2.
Во овој интервал, за Амур стрелаа Александер Шаров и Владимир Бутузов, додека, мрежата на Јевгени Аликин ја затресоа Станислав Галиев и Николај Чебикин.
Во продолжение, ,,Тигрите” почнаа да практикуваат груба игра што резултираше со вкупно девет дисциплински казни од по две минути.
Хокеарите на Динамо ја искористија играчката предност и до крајот постигнаа уште четири погодоци преку Никита Новиков, Ерик О’Дел и Николај Чебикин (х2), кој го комплетираше својот хет-трик.
Со новиот триумф, Динамо го задржа стопроцентниот учинок и изби на првото место на Западот, додека Амур е последен на Истокот, како единствен тим без победа.



