Maкедонските интернационалци Влатко Митков и Никола Костески го водеа тимот на Холабрун до деби победа во второто коло сезонава во Австриската Челинџ Лига (втора лига) на гостувањето против тимот на Грац со 26-32.
Влатко Митков кој е капитен на Холабрун постигна 8 голови и беше избран за играч на мечот, додека десното крило Никола Костески го следеше со 7 голови.



