Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен играч – МВП оваа сезона во НБА. Со стана само петтиот странец кој го добива признанието за најкорисен играч во сезоната.
Просекот на Јокиќ за тимот на Денвер сезонава е 26,4 поени, 10,8 скокови и 8,3 асистенции по натпревар. Тој е прв центар што ја добил МВП наградата од Шекил Онил во 2000 година и истовремено е првиот МВП кошаркар кој го одиграл секој меч од регуларната сезона од Коби Брајант во сезоната 2007-08.