ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ КЛ7 23-20 (12-11)
Пролет го совлада тимот на Голден Арт КЛ7 со резултат 23-20. Мајнов со 6 гола и Пејовиќ и Аларов со по 4 гола беа најефикасни во Пролет, додека кај КЛ 7 се истакна Емилијан Ѓорговски со 6 погодоци.
РАДОВИШ – ОХРИД 22-28 (12-14)
Охрид славеше на гости кај Радовиш, со 28-22. Десниот бек Тот беше најефикасен во Охрид со5 гола, Манасков и Блажевски постигнаа по 4, а 5 имаше и најефикасниот кај Радовиш, Илиев.
МЕТАЛУРГ – ПРИЛЕП 38-24 (20-15)
Ракометарите на Металург ja запишаа и шестата победа славејќи убедливо со 38-24 против Прилеп. Најдобар кај Металург беше Серафимов со 6 гола, Кондев и Хорват имаа по 5 , додека кај гостинот се истакна Гавашелишвил со 6 погодоци.
РАБОТНИЧКИ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 28-23 (14-12)
Работнички го изненади Еурофарм Пелистер 2, победувајќи го со 28-23 . Најефикасен во домашниот тим беше Ончев со 11 голови, а кај Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Кузманоски со 5 погодоци.
СТРУГА – АСТРАИОН 32-27 (18-13)
Струга славеше рутинска победа против струмички Астраион со 32-27 (полувреме 18-13) во Суперлигата. Најдобри стрелци кај домаќинот беа Богдан Николиќ со 7 и Пеце Рајатовски со 6 голови, додека кај гостите Мите Караиванов и Филип Кавазов со по 7 погодоци.



