На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи.

Во вториот натпревар од денешната програма екипата на Охрид со 25-24 славеше против екипата на Бутел. Тот и Блажески дадоа по 5 голови за Охрид , додека Горан Печенковски даде 5 погодоци за Бутел Скопје.




