Вечерва од 21:15 часот ќе се одигра дербито на првиот ден од 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир. Ова воедно ќе биде и прво соочување на репрезентативните средни бекови на Босна и Херцеговина Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) и Марко Тарабокија (Металург) кои пристигнаа ова лето како засилувања на двата Македонски тимови.
Босанскиот интернационалец Јосип Периќ, репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од Бундеслигата во бундеслигашот Гепинген е новиот организатор на играта оваа сезона во тимот на Еурофарм Пелистер. Периќ потекнува од Извиѓач од Љубушки, во својата кариера го носеше дресот на Босна, Татабања, играше во Катар и Романија (Одорхеи и Дунареа), а Гепинген е последниот клуб пред доаѓањето во Македонија.
Босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија дојде во Металург од унгарскиот клуб Чурго. Во својата клупска кариера пред да се пресели во Унгарија, беше дел уште од Загреб, Марибор, Азоти-Пулави, Висла Плоцк и Сесвете.