На ден 27.02.2020 год. склучен е МЕМОРАНДУМ за соработка помеѓу Џудо Клуб “ДРИМ” Струга и “Порака Нова” Здружение Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост.
Со овој меморандум се започнува соработка и дружење помеѓу двете здруженија како и имплементирање на џудо спортот кај лицата со попреченост, со цел подобрување на здравствените бенефити како и психомоторните способности преку тренинг, игра, забава и дружење.
Ова ќе биде уште еден доказ дека џудо спортот не познава бариери и граници.
Азра Дедиќ е европски првак од БиХ со попреченост, дали наредниот ќе биде од Македонија?