Вчера се одиграа натпреварите од 20-то коло во француската ПРО Б лига. Евре на Стојан Ѓуроски беше домаќин на Сен Шамон, и загуби убедливо, со 77:93.
Ѓуроски имаше скромен ефект од два поени (0/6 од поле и 2/2 од линијата за слободни фрлања), четири асистенции и три скокови за 24. минути во игра.



