понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

“Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да сонуваме” – Најава за шестиот ракометен камп на Кирил Лазаров

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 11, 2020
📁 Ракомет

Драги наши верни и идни кампери, почитувани родители и пријатели,

Со особена чест и задоволство Ви го најавуваме шестото издание на ракометниот камп кои ги урива сите рекорди кога е во прашање неговата организација и реализација. Камп на капитенот на македонскиот национален тим, најдобар македонски спортист, најдобар стрелец на сите времиња, најдобар десен бек , нашата гордост Кирил Лазаров.

Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да го сонуваме, да се забавуваме, дружиме, да создаваме камперски спомени…

Од првиот камп во 2015 секое лето Кире живее со децата 24 часа, , подготвен целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата интернационална спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати на тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитетна надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари. Ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и добри личности. Дел од нив кои биле наши кампери веќе ги бранат боите на Македонија што нас не прави посебно горди.

Да доживееме 7 незаборавни денови заедно со нашиот капитен Кирил Лазаров

Изминатите пет години на нашиот камп поминаа повеќе од 1400 учесници, голем дел од Македонија но и ракометари од цела Европа. Насмевката на нивните лица, задовоството кај нивните родители е наша најголема награда и потврда дека работите се одвиваат во вистинска правец на задоволство на сите, не заборавајќи дека секогаш може подобро. Ветувањето дека повторно ќе се видиме и следната година е вообичаен поздрав на нашите кампери на крајот на секој камп.

Во јуни 2020-та година Капитенот ќе го реализира својот шести јубилеен ракометен камп. И оваа година кампот ќе се одржи во две смени и тоа:

  • Прва смена од 19 – 25 Јуни 2020 година,
  • Втора смена од 25 – 01 Јули 2020 година.

Кампот е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба од повеќе аспекти и насоки (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон, градење на индивидуата за доброто на колективот) . Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци и големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, здравствена заштита и нега, едукативни предавања на теми кои им се неопходни во овој период на нивниот живот, дружење и многу забава.

Комплетна понуда на шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“:

  • Седум дена ракомет и дружење со најдобриот светски стрелец и капитен на македонскиот национален тим:

Седум дена со човекот кој во неклку години беше прогласуван за најдобриот десен бек во светот на ракометот и најдобриот македонски спортист, кој со своето ракометно и животно искуство има што да им (по)каже на нашите идни ракометни ѕвезди. Тренинзи со најдобрите македонски тренери и ракометари и тренерски и играчки гости од странство.

„Од 19 јуни до 1 јули во најубавиот Охрид“

  • Сместување и тренинг програма:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени воХотел „Аквалина – Охрид

7 дена (6 полни пансиони) во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа за незаборавни моменти и прекрасна местоположба а од ова лето и базен кој ќе придонесе за поефективно трошење на слободното време , повторно во духот на спортот и добрата забава.

  • Врвна спортска опрема:

Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема од врвен производител за тренинг и за часовите кога не сме на терен.

  • Превоз за секој учесник:

Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад.

  • Комплет систематски преглед и медицинска подршка 24/7 за време на одржување на кампот од тимот на доктори на „Жан Митрев Клиника“:

Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет медицински преглед од нашиот медицински партнер, Жан Митрев Клиника.  Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник, 14 дена медицинско обезбедување.

  • Специјална исхрана за млади категории спортисти:

За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на спортот и нутриционизмот.

  • Предавања на врвни македонски и странски предавачи

За време на кампот се одржуваат повеќе предавања во насока на едукација на нашите учесници во делот на правилна спортска исхрана со Проф. д-р Ванчо Поп-Петровски..

…спортска психологија со Проф. д-р Ленче Алексовска, спортски бон-тон, начин на однесување на поединецот како дел од тимот итн.

  • Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид, часови по пливање

Во текот на седум дена ракометен камп, покрај двојната доза тренинзи, нашите кампери ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со капитенот Кирил Лазаров како и со деца од целиот свет, да научат да пливаат и веслаат со лиценцирани тренери итн.

Со брод да го прошетаат Охридското езеро и накусо да се запознаат со Балканскиот Ерусалим – Охрид, дружење, забава и на крај на сладолед во „Летница“

  • Осигурување за секој учесник:

Секој учесник на кампот ќе има комплетно осигурување за време на одржување на кампот, овозможено од официјалната осигурителна компанија на кампот, Евроинс Осигурување.

  • Сертификат за учество на кампот:

Секој учесник на кампот ќе добие сертификат за учество на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ „заверена“ од капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на францускиот Нант, Кирил Лазаров.

Цена и услови на плаќање:

Цената за учество на кампот е 16500 денари* со можност за плаќање на повеќе рати врз основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на четири рати важи за пријававување до 1 Март 2020 година плаќањето и е по следниот распоред:

– Прва рата од 4500 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата,

– Втора рата од 4000 денари, најдоцна до 1-ви Април 2020 година,

– Трета рата од 4000 денари, надоцна до 1-ви Мај 2020 година,

– Четврта рата 4000 денари, најдоцна до 1-ви Јуни 2020 година.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

*Забелешка: За секое откажано учество на кампот по терминот 15 Мај 2020 година ја задржуваме првата рата. Учестникот официјално е пријавен со уплата на првата рата и потврда дека се согласува со условите за учество на кампот.

Се гледаме во Охрид!

Агенција КМГ Спорт,

Организатор на Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Погледнете го најновото дело на Аматери за Хумор – ,,Забавувај го гледачот, излажи го гостинот”

Следна вест

(Видео) Игор Џамбазов и Дарко Димитров направија фантастична песна за Антониа Гиговска

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

(Видео) Игор Џамбазов и Дарко Димитров направија фантастична песна за Антониа Гиговска

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.