Ракометарите на Пелистер славеа убедливо со 38-24 (полувреме 17-10) против Струга во 11-то коло од Суперлигата.
Најeфикасен во тимот на Пелистер со 9 гола беше Игор Трајковски кој лани и на почетокот на оваа сезона го носеше дресот на Струга, додека Цветан Кузманоски со 7 и Дарио Симоноски со 5 гола беа најефикасни за Струга.



