Охриѓани утре ќе имаат можност да поминат едно прекрасно попладне во спортската сала Билјанини извори. Градот Охрид ќе е домаќин на ракометен турнир „5-КА ЗА РАКОМЕТ ″ за млади категории на кој учествуваат екипи од Македонија. Во генерацијата 2008/09 во машка категорија ќе се натпреваруваат РК Вардар Седмерец, РК Гостивар, РК Преспа, РК Асови, додека во женска категорија РК Вардар Седмерец, РК Кале, РК Гостивар и РК Лихнид. 
-Овој ракометен турнир претставува вистинска можност за сите љубители на ракометот во Охрид но и пошироко за да уживаат во убавината на ракометната игра во спортската сака “Билјанини извори “. Целта е спортското дружење и меѓусебно познавање меѓу сите учесници на овој ракометен турнир , секако тука е и афирмацијата на ракометот. – изјавија организаторите на овој турнир.



