Одличен настап на Триатлон и Пливачки клуб 3Дисциплини од Струга за нивниот јубилеј 5 гo дини постоење на Пливачки клуб и Школа 3Дисциплини.
3Дисциплини,е единствен пливачки клуб во изминативе 5 години кој се грижи за развојот,промоцијата и негувањето на пливачкиот спорт во Струга. Исто така е единствениот пливачки клуб од Струга кој успешно и достојно ја претставува нашата општина со пливањето а вооедно градот Струга кој е лулка на пливањето и воопшто водечки спорт и основа за сите останати.
Изминативе 5 години како единствен активен пливачки клуб, успевавме да избориме одлични пласмани во пливањето како на државно така и на меѓународно ниво во земјава и надвор. Денес на нашиот јубилеј 5 години постоење од пливачкиот клуб и пливачка школа ,изборивме едно второ и едно трето место на 20 години стариот пливачки митинг Цар Константин во Ниш,Србија. И да бидат работите уште повозбудливи токму медалите стигнаа од нашиот најстар член во клубот (најјактивен) од самото основање Тија Кукунешоска и најмладиот Матеј Лазороски кој почна од пливачката школа на четири ипол години а веќе сега на неговата ненаполнета седма година го освојува првиот медал во пливање .
Огромно браво и за нашите останати претставници. Хади Исмаилоски ,Виктор Опетчески и Јован Кутаноски кој се изборија за финалиња но не успеаја да се закитат со медал. Најголемо задоволство за мене претставува тоа што овие успеси и резултати се постигнати со пет неделно пливање и тоа 3 пати во неделата.. Огромна заслуга упатуваме за Хотел Изгрев кој што ни дозволи да го користиме базенот за тренинзи.
Благодарност до сите за мотивацијата и поддршката што ни ја даваат.-стои во соопштението на клубот