По повод 23 Јуни Меѓународниот Олимписки Ден, ЏФСМ како дел од семејството на Олимписки
спортови а согласно повелбата на Меѓународниот Олимписки Комитет на овој ден да се одржуваат разни спортски и едукативни настани, преку стручните лица во клубовите има организирано едукативна настава со што на младите џудистити ќе му се дадат одредени знаења што претставуваат олимписките игри и какво значење имаат со цел нивна понатамошна мотивација и начин на живот преку практикување на џудо спортот и остварување на нивните цели.
Во прилог интегрален дел од текстот кој е подготвен од страна на комисијата за едукација при ЏФСМ:
Секој спортист расте слушајќи за Олимписките игри. Овој меѓународен фестивал на спортот доаѓа на секои 4 години и за зимските и за летните игри.Оваа 2024 година е Олимписка, Олимпијадата е во Париз-Франција ,а Champ de Mars Arena е домаќин на олимпискиот џудо турнир. Џудото го започна својот олимписки сон во татковината Јапонија во далечната 1964 година на ЛОИ во Токио .Не ретко вашиот најголем сон како спортист е еден ден да бидете дел од ова натпреварување и да ја претставувате вашата земја. Многумина од вас ќе сонуваат да бидат професионални спортисти или да се натпреваруваат за националниот тим на меѓународно ниво но сепак, крајната цел е претставување на Олимписките игри.Тоа е животна цел на секој успешен спортист. Четирите цели на Олимписките игри ги напиша Меѓународниот олимписки комитет уште во 1896, но секоја државата и секоја спортска федерација која држи до спортот ги има како свои олимписките приоритети :
1.Да се промовира развојот на оние физички и морални квалитети кои се основа на спортот.
2.Да се едуцираат младите луѓе преку спорт во дух на подобро разбирање меѓу себе и на пријателството, а со тоа да се помогне да се изгради подобар и помирен свет.
3. Да се шират олимписките принципи низ целиот свет, а со тоа да се создаде меѓународна добра волја.
4.Да се соберат спортистите на светот секои 4 години на еден врвен спортски фестивал наречен Олимписките игри.
Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК




