Норвешкиот тим не успеа да избори опстанок во елитата минатата сезона, но со носење на неколку квалитетни ракометарки, вклучувајќи ја и Јовановска, тимот има амбиции да се врати во најсилната лига.
Јовановска го напушти Кристијанштад и потпиша за Скрим Конгсберг.
Дебито за новата екипа Македонската се очекува да го има на 8 септември, кога Скрим игра на домашен терен против Флинт Тонсберг. Пред да замине за Скандинавија, Јовановска пет сезони го носеше дресот на Металург.



