Тинекс Пролет дополнително ги засили своите редови со ангажманот на Ѓуро Мујиќ, лев бек кој пристигнува од редовите на Олимпијакос. Мујиќ е актуелен репрезентативец на Грција, кој дебитираше за националната селекција на нашиот јужен сосед во јануари, на квалификациските дуели со Кипар и со Грузија.
Грчкиот репрезентативец има освоено две титули шампион на Грција и еден трофеј во Челинџ-купот со Диомидис, додека со Олимпијакос има по еден трофеј во грчкото првенство и еден во Купот на Грција.