Репрезентацијата до 18 години во женска конкуренција, која претстојното лето ќе настапува на Европското првенство (дивизија Б) во Скопје ќе одржи селективен тренинг на 20. април (сабота) во малата сала на „Кале“. Тренингот ќе трае од 10:00 часот до 13:00 часот, а кошаркарките ќе бидат поделени во три групи.
Од екипата на ЖКК Струга 2009 повикани се:
Ружица Чочороска
Хадиса Зендели
Бојана Попоска
Maрија Устијаноска
Хани Мевланa
Марија Радосављевиќ



