Во четвртото коло на Европскиот Клупски Куп ШК Алкалоид оствари убедлива победа против екипата Итака од Србија со резултат 5:1. Водејќи ги црните фигури Андреикин и Инаркиев ги ремизираа, додека Мамедјаров, Шанкланд, Криворучко и Ковалев остварија победи во своите партии.
Во следното коло ШК Алкалоид ќе игра против екипата на „Цирих‘‘ од Швајцарија.



