ПЕЛИСТЕР СЕ САКА И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА ГУБИ, точно. По 15 години само порази и ни еден единствен успех ние сме сеуште тука, не го напуштаме нашиот клуб. Дали спортски директоре знаете колку проекти за европски Пелистер сме поддржале? И дали знаете колку пати не излагале? Дали вие во овие година и пол се до вчера сте осетиле некаков притисок, навреда и слично? Напротив, од старт ве поддржавме, верувавме во вас. Кој успех го испорачавте вие, за сега да велите дека не заслуживате исвиркувања од трибините? Не баравме ни вардар, металург, работник да ги победите, сакавме само да не губиме од екипи како бутел, тинекс, охрид, да не доживееме дебакл од градските ривали… Сето тоа што не сакавме да се случи ни се сервира во 2/3 недели. Минтата година беше истото, но имавме разбирање, нови сте, со наследени проблеми итн.. но за оваа година, после толку потрошени пари и доведени нови ракометари да го доживуваме истиот срам, нема да можи. Ке бараме одговорност, и бараме од сопственикот на АД РК ПЕЛИСТЕР, општина Битола да си најде нов менаџмент и да проба барем малку да го обели образот на ракометна зелено бела Битола. И да, ние не навиваме против Пелистер, само против одговорните, вие, јошко и останатите.



