Кошаркарите на Црн Дрим славеа висока победа од 81:52 против тимот на КК Гостивар во 21-то коло на Втората Кошаркарска Лига – Запад. Сите играчи во тимот на тренерот Кире Ноневски одиграа одлично и сосема заслужено славеа висока победа. Со оваа победа на коло до крајот екипата на Црн Дрим се пласира во Плеј-Офот на Втората лига и ќе игра за места кои водат во најсилното кошаркарско друштво.



