Двајт Хауард е еден од најдобрите центри во НБА лигата и негова желба е да ја освои шампионската титула и да го освои шампионскиот прстен. Хауард пред шест години настапуваше за Лос Анџелес Лејкерс, а сега повторно ќе го носи дресот на езерџиите. Претходно беше дел и од тимовите на: Атланта Хоукс, Шарлот Хорнетс и Вашингтон Визардс.



