“Во Стојаково и Македонија, како што гледаме сонцето уште грее, но во далечниот Сибир, веќе сме длабоко во ноќта, 5 часа понапред и време е да се одмориме.
Имавме ден полн со интересни збиднувања. Најпрво на автопатот Р-254 со еден маневар бевме пресретнати од руски колеги кои се враќале од Монголија. Разменивме искуства и за подарок, добивме Монголска Џингис Кан водка, а ние за возврат им направивме од најдоброто TIME OUT кафе.
Во Новосибирск, наш домаќин беше Микица од Богданци, кој зашеметен од една Руска убавица решил да го замени Богданци со Новосибирск, и според тоа што може да видиме не згрешил, убави Русинки има на секој чекор. 👱♀️💂♀️
Утре ги започнуваме последните 1000 километри во Русија кои треба да не однесат до Монголија во следните 24 до 36 часа.
Ви благодариме на поддршката!” – стои на facebook страницата Од Стојаково до Ница со Рено 4.



