Џудо клубот „Дрим“ од Струга денеска беше домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии, на кој учествуваа 27 млади, нови тренери кои што сакаат да почнат да работат, да добијат дозвола за работа и лиценца.

Исто така, присутни беа и млади судии кои планираат да напредуваат во својата кариера. Тие полагаа теоретски тест, а на главните државни првенства ќе го полагаат и практичниот тест.

Џудо федерацијата на Македонија ни ја даде честа да бидеме организатори на овој семинар. Се надевам дека сите присутни ќе бидат задоволни од нашата организација и дека сите присутни ќе се стекнат со потребите знаења што понатаму ќе им служат во тренерската и судиската работа.
На тој начин, ќе имаме се поголеми успеси во џудо спортот, изјави Ѓорѓија Стојанов од ЏК „Дрим“ и член на Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери.

Веќе следната недела, на 8 март следува првото Државно првенство, а комисијата денеска одржа состанок на кој беа утврдени лиценците и дозволите за работа за сите џудо-тренери.
Извор и фото: https://judo.org.mk/



