Бисера Јакова започна нова страница во историјата на кошаркарските арбитри делејќи ја правдата на натпреварот помеѓу екипите на Шкупи и Гостивар во спортската сала „Шабан Трстена“ во скопската општина Чаир во рамки на 18. коло од Првата лига во машка сениорска конкуренција со што стана првата жена која е дел од судиско трио на натпревар во најсилната машка кошаркарска конкуренција.
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) се надева дека Јакова ќе ги инспирира останатите жени за да се впуштат во судиските води и да го следат нејзиниот пример. Македонската кошаркарска федерација вложи напори Јакова да биде и првата жена судија со ФИБА значка од нашата земја.



