Во последното коло од оваа година во Австрискиот шампионат тимот на Брегенц, на поранешниот наш репрезентативец Влатко Митков славеше на домашен терен против составот на Линц со 33-28.

За Линц годинава играат нашите ракометари Горан Крстевски и Никола Костески.
Влатко Митков и Никола Костески дадоа по 5 голови на овој меч за своите тимови.



