Охридскиот ракометен суперлигаш во зимскиот преоден рок се екипира со нови квалитетни засилувања се со цел пласман во плејофот и засилување на тимот кој се гради изминативе неколку години. Се работи за голманот на РК Еурофарм Работник Филип Иваноски кој во Охрид ќе биде позајмен од битолскиот суперлигаш.
Додека десниот бек Стефан Трпчевски кој изминатава полусезона ги бранеше боите на РК Струга и сега заминува во локалниот ривал РК Охрид и потпиша верност со клубот на 18 месеци. Инаку Трпчевски периодов беше на проба во Норвешка, но засега останува со настапи во македонската лига. РК Охрид првиот зимски контролен натпревар ќе го има против РК Еурофарм Работник.



