Во првенството на Австрија екипата на Линц на Костески и Крстевски загуби на гостувањето од екипата на Тирол со 30:26.
Десното крило Никола Костески кој настапува за Линц со 10 гола и 3 асистенции беше убедливо најдобриот играч на мечот, додека вториот наш ракометар Горан Крстески беше стрелец на 2 погодоци, но тоа не беше доволно нашите ракометари да се радуваат на нова победа. 



