Град Скопје секоја година на крај на годината ги избира своите најдобри спортистки, спортисти и спортски екипи. Во конкуренција на најталентиран млад спортист – кадет е избрана за најдобра надежната тенисерка на ,,Тенис парк”, Александра Симева, која што се покажа во одлично светло цела оваа календарска година и признанието отиде во вистински раце како потиг за понатамошна успешна кариера.