Тимот на Татран Прешов во финалето од плеј-офот на шампионатот на Словачка славеше против П. Бистрица со вкупен резултат 3:0 во победи.
Македонскиот интернационалец Никола Костески пред неколку денови во анкетата во која фановите го бираа најдобриот играч сезонава победи убедливо. Но нашиот ракометар покажа дека е голем спортист и наградата му ја подари на второпласираниот Доминик Крок. “Имав одлични игри за Татран оваа полусезона од кога сум тука, но сметам дека наградата треба да ја добие играч кој играше од почетокот на оваа година и затоа му ја подарив на второпласираниот Доминик Крок. Им благодарам на сите фанови кои гласаа за мене”. – изјави Никола Костески. 
Клубските соиграчи поради фантастичниот гест на Костески како благодарност му подарија дрес со потпис од целиот тим, а домашната публиката го награди со огромен аплауз:



