Македонската јуниорска репрезентација е со една нога во четвртфиналето на ЕП Б Дивизија, откако ја совлада Грузија со 87-79 во рамките на третото коло. Андреј Јакимовски со 33 поени,8 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки и вкупен индекс 42 повторно беше беше МВП на мечот, а зад него беше Андреј Андоновски со 16 поени и 9 скока. 



