Селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, го објави списокот од 12 кошаркари за дуелот против Естонија.
Од 15.кошаркари кои беа од почетокот на подготовките, отпаднаа Филип Бакоч, Виктор Ефремоски и Марко Миловановиќ.
Мечот од првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2021, се игра вечерва, со почеток во 20.15 часот во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.



