„Македонскиот“ дуел во Бундес лигата помеѓу Балинген на Филип Талески и Лудвигсхафен на Мартин Томовски, заврши нерешено 25-25. Филип Талески постигна 4 голови за тимот на Балинген, додека Томовски за 20-тина минути забележа 4 одбрани за својото тим.
Рајн Некар славеше дома против Штутгарт со 33-32. Нашиот Жарко Пешевски постигна 3 гола 3 обиди за тимот на Штутгарт.



