Како вистински шлаг на успешниот викенд за македонското олимписко таеквондо, после јуниорските успеси, ни доаѓа голем СЕНИОРСКИ подвиг на нашиот Европски Шампион Дејан Георгиевски.
Дејан Георгиевски освои СЕНИОРСКИ ЗЛАТЕН🥇МЕДАЛ на Словенија ОПЕН Г1(турнир кој носи бодови на официјалната олимписка листа)со три победи над Словенија, Србија и Италија, сите три со технички нокаут или апсолутна доминација.
Против Ник Аугустин од Словенија 23:3
Против Виктор Пушкиќ од Србија 30:8
Против Алекс Колован од Италија 35:3

Овој златен медал е чекор поблиску до олимписките игри во Токио или подобра стартна позиција на квалификациониот натпревар за олимписка норма на 17 Април 2020 година во Милано, Италија.



