Попладнево во спортската сала “Нико Нестор” во Струга се одигра натпреварот од Првата женска лига помеѓу ЖРК Стружанка и ЖРК Куманово кој заврши со победа на гостите од 21:27 (полувреме 13:15).
Натпреварот започна со сигурна игра на гостите од Куманово кои после десетина минути игра поведоа со високи 3:7. Во тие моменти тренерот Паноски на голманската позиција направи замена и помеѓу стативите застана младата Марија Ристоска која со неколку добри одбрани успеа да донесе неизвесност и Стружанка да стигне до првото израмнување 10:10. До крајот на полувремето поконцентрирани беа гостите кои успеаја да заминат на пауза со предност од 13:15.
Во вториот дел Kуманово заигра многу подобро во одбраната и со поддршка на одличната голманка Ивана Наумоска да се одлепи на високи 14:19. Предност која ја успеаја да ја задржат до самиот крај и да слават победа од 21:27.
Стрелци за Стружанка денес беа: Maгдалена Делиоска 6 гола, Теодора Маркоска 5 гола, Натали Јоноска 3 гола, Марија Петреска 3 гола, Стефанија Дурацоска 2 гола, Радмила Јовичинац 1 гол и Ивана Затуроска 1 гол. Кај гостите од Куманово во листата на стрелците се запишаа: Диана Димова 7 гола, Васка Глигоријадис 6 гола, Ана Шарановиќ 5 гола, Тамара Ивановска 4 гола, Александра Боризовска 2 гола, Мила Трајковиќ 2 гола и Бети Петковска 1 гол.
Натпреварот помеѓу Стружанка и Куманово имаше и Хуманитарен карактер. На влезот од салата беа поставени кутии за донации за младиот Мартин Стојаноски. На крајот од мечот ракометарките на двата тима преку заедничка фотографија испратија порака со желба за поддршка и побрзо опоравување на младиот Мартин. За сите оние кои не беа можност да присуствуваат на натпреварот отворени се и телефонски броеви за донации: Телеком 143 107 , ВИП 143 462 или на Жиро сметка 210 700000649551 НЛБ банка. 



