Димитар Јованоски одличен со освоено 7-мо место во јуниори на Европското дуатлон првенство во Пунта Умбрија во Шпанија, додека неговиот тренер Никола Кутаноски не ја заврши трката кај сениорите и беше дисквалификуван.
“Ова беше прва трка годинава, немавме предходно никаква друга трка и јас сум презадоволен од Димитар иако знам дека можи многу повеке. Времето на 5км трцање 15:54 кажува само по себе. Со оглед на тоа дека до пред 2 недели бевме на припреми во Маврово на температури од – 16 степени и снег,а овде +24 степени одлично се покажа. За мене мислам дека можеби можев повеке, али не за со оваа светска и олимписка класа на триатлонци. Треба уште многу работа. Допрва не чекаат уште многу трки, тренинзи. Ви благодариме на сите за поддршката” изјави Никола Кутаноски за www.javisejuzna.mk директно од Европското дуатлон првенство во Пунта Умбрија, Шпанија.