Денес РК Струга славеше со 36-15 (полувреме 19-11) против РК Преспа во пријателски натпревар кој се одигра во спортската сала “Нико Нестор” во Струга.
Домаќините одиграа ефикасен меч со добра одбрана посебно во вториот дел кога примија само 4 погодоци и стигнаа до рутинска победа против гостите од Ресен.



