Екипата на Струга вечерва во пријателски натпревар нагости славеше против тимот на Пролет со 25:29 (полувреме 10:14). Струга беше подобар противник во текот на целиот натпревар во еден момент водеше и со шест разлика и сосема заслужено стигна до победата. Уште на стартот повреда во Струга заработи Богдан Николиќ, па цел меч го одиграа без негова помош. Во негово отсуство најрасположени беа Јован Талески и Цветан Кузманоски со голема поддршка од Александар Тренчевски, Христијан Крстаноски и останатите. На голот одлично бранеа двајцата голмани на РК Струга, Стојаноски и Мицев.
Стружани утре од 19 часот на отвореното ракометно игралиште кај женска плажа во Струга ќе одиграат контролен меч со тимот на Вардар Јуниор. Тоа ќе биде уште една убава можност за проверка на силите пред стартот на новата сезона.



