Eкипата на Струга го совлада Вардар Јуниор со 21:17 (полувреме 12:9). Најефикасни во тимот на Струга беа Чантурија и Николиќ со по 5 голови, додека кај Вардар Јуниор со 8 погодоци предничеше Кукуловски.
Ракометарите на Охрид го совладаа Радовиш со 29:32 (полувреме 17:16). Најефикасни во тимот на Охрид беа Иван Тасески кој реализираше 11 погодоци и капитенот Крсте Андоноски со 6, додека стандардно во тимот на Радовиш, Ивица Илиев стигна до 13 погодоци. „Езерското“ дерби во СРЦ „Билјанини Извори“ помеѓу екипите на Охрид и Струга ќе се одигра во сабота од 19 часот.



