Европскиот првак Вардар оваа сабота на домашен терен игра против Мотор Запорожје во Лигата на шампионите . По заминувањето на Даинис Кристопанс и Павел Атман и лошата финансиска ситуација во клубот воопшто не е лесно , а тоа го изјави и капитенот Стојанче Стоилов.
„Ситуацијата е тешка! Да бидеме реални си замина еден клучен играч и Вардар со Кристопанс и без него не е ист. Ќе се обидеме да ПОБЕДИМЕ, но да видиме…….
Проблемите не се нешто ново за нас, долго време ги имаме, но проблемот е што никој ништо не кажува и никој ништо не знае. Не може да ги обвинуваме играчите кои си заминаа, секој си знае за себе, оваа ситуација веќе ни стана како навика… Трагичното е што ние сме актуелен европски шампион, а односот кон нас е смешен“ – изјави капитенот на Вардар Стојанче Стоилов.