Стефан Колоски левиот бек кој потекнува од Струга, а ги бранеше боите на Работнички, Бутел, Радовиш во пролетниот дел од сезоната ќе биде член на прволигашот РК Јуниор Кисела Вода.Колоски во Јуниор ќе ја зголеми струшката колонија и ќе им се придружи на голманот Влатко Затаракоски и Кристијан Трајкоски и заедно со останатите квалитетни играчи кои се во тимот ќе се обиде да стигне до Суперлига.
За преминот од РК Радовиш во РК Јуниор Кисела Вода младиот стружанец ја даде следната изјава:
Поради советот на Општина Радовиш кој не го изгласа буџетот на РК Радовиш јас го напуштив клубот и пролетната полусезона ќе ја продолжам во РК Јуниор Кисела Вода. За условите и професионалноста на РК Радовиш немам ниедна забелешка и ова заминување од таму не е поради клубот. Во РК Јуниор Кисела Вода бев на почетокот од сезоната играв две утакмици за нив и добро ги познавам играчите и тренерот. Се надевам на влез во Суперлига со нив, а јас ќе го дадам максимумот да стигнеме до таа цел.



