Олд Трафорд Крикет Граунд беше местото кадешто се одигра првото полуфинале помеѓу Индија и Нов Зеланд во рамките на овогодинешното светско првенство во крикет. Натпреварот почна во вторникот, но заради обилен дожд беше прекинат при крајот на првиот ининг. Денес беше продолжен и на крајот од првиот ининг резултатот изнесуваше 239/8 во корист на Нов Зеланд.
Претставниците на Океанија одлично го започнаа и вториот ининг кога по 3.1 оувери го лимитираа нападот на Индијците на само 5/3 при што ги извадија од игра нивните два аса – Коли и Рахул. Азијците на крајот пружија посериозна игра и стигнаа до резултат од 221/10 што не беше доволно за да се победи Нов Зеланд. Нов Зеланд е првиот финалист, а својот противник ќе го дознае утре откако силите ќе ги одмерат Англија и Австралија.



